Хуманоста на дело: Македонија донира за соседите!

by Фокус 11:36
11:36

Македонските граѓани почнаа да донираат за настраданите од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина. Дел од нив со сопствени автомобили преполни со храна и вода се упатуваат кон Врање. Во текот на вчерашниот ден, за само неколку часови, од донациите на телефонскиот број 143 400 собрани беа околу 24.000 евра. На социјалните мрежи се јавуваат стотици граѓани кои сакаат да се пријават како волонтери во кризните подрачја во Србија и во БиХ.

Големата акција за донирање храна, вода и облека почнува на 12 часот на плоштадот Македонија во Скопје. Храна, средства за хигиена, нова облека и обувки, ќебиња, бебешка храна и вода за пиење се производите кои се најпотребни во поплавените подрачја на Србија и Босна и Херцеговина, информираат од Црвениот крст на Македонија.

- Advertising -

Утринава, со хеликоптер за Србија замина една чета од Единицата за специјални задачи „Тигар“ која е професионална за спасување и помош во кризни ситуации.

 

 

Поврзани новости