Хуманитарна акција за помош на бегалците од Украина

by fokus

Од денеска до петок (27 мај), во МОШ Бар (MOSH) во центарот на Скопје, ќе трае хуманитарна акција за помош на бегалците од Украина, насловена како „Денови на хуманост“.

-Ги повикувам сите пријатели да се вклучат и да помогнат на загрозените украински граѓани, со донирање на облека, храна, производи за хигиена или, пак, додатоци во исхрана, коишто може да се донесат во МОШ Бар. Деновите на хуманост ќе завршат со хуманитарна забава во МОШ во петок, 27 мај 2022 – каде со секоја влезница од симболични 100 денари, ќе можеме заеднички да собереме средства за оние кои ги изгубиле своите домови и сѐ што имале и создавале во Украина, изјави иницијаторот на „Денови на хуманост“, Јован Андоновски.

Пунктот за донации ќе биде отворен од 09 часот наутро, сѐ до 16 часот во текот на овие три дена, а претстојната хуманитарна забава во петок, ќе започне во 21 часот.

Собраната помош ќе ѝ биде доделена на Амбасадата на Украина во Скопје и распределена на бегалците од Украина во земјата.

Поврзани новости