Хуманитарен пикник на Алкалоид

by Фокус

Компанијата Алкалоид и годинава го организира традиционалниот хуманитарен пикник, во чии рамки секој член на семејството дава свој личен придонес во насока на остварувањето на хуманите човекови вредности.

Вработените во фирмата и членовите на нивните семејства и пријатели, во текот на изминатава недела донираа средства во фондацијата Трајче Мукаетов, за што добија маичка- специјално дизајнирана за овој повод.

До денес семејството Алкалоидовци собра над 750.000 денари кои ќе бидат донирани во Црвениот крст на Македонија, најмногу заради помош на мигрантите.

Компанијата веќе 7 децении им помага на најранливите општествени слоеви, оние кои животот ги исфрлил на маргините на егзистенцијата.

Поврзани новости