Поп пејачот Ѓорѓи Крстевски го нуди своето музичко студио на семејство од поплавените области, на кое што му е потребно сместување во наредните неколку дена, додека да се повлече водата.
Освен сместување, тој додава дека нуди и облека, и ветува дека ќе стори се што е во негова можност за да даде свој придонес во оваа хаотична ситуација.
,,Веќе ја објавив информацијата и на мојот Фејсбук профил, имам можност да сместам тричлено семејство во моето музичко студио ,,Крстевски Мјузик,, во нардните неколку дена, додека да се повлече водата од домовите на луѓето. Исто така, ги испразнив и плакарите, собрав доста облека, која што ако не се јави некој кому што му треба, планирам да ја оставам во Црвениот Крст. На јавноста само би и порачал, секој нека направи онолку колку што може, заедно сме посилни. Македонскиот народ е хуман, останува големата жалост за настраданите, и им изразувам сочувство на нивните семејства,, – вели Крстевски.
Вики Клинчарова