„Хуавеи“ ќе им понуди проект за смарт осветлување на македонските општини

by fokus

Премиерот Зоран Заев со економскиот владин тим денеска во Будимпешта оствари средба со претседателот на Хуавеи за регионот централна и источна Европа и Нордиските земји, во рамки на дводневниот престој на владината делегација на Самитот 16+1.

На средбата се разговарало за идните перспективи на соработка помеѓу компанијата Хуавеи и Република Македонија, за идните инвестициони чекори, но и за новите иновации и смарт технологии што ги лансира компанијата. Било заклучено дека во Македонија се создадени услови за развој на стабилна бизнис клима и поволни услови за нови инвестиции.

Претставниците на Хуавеи ги презентирирале новите смарт технологии што ги развиваат за кои рекоа дека се апликативни за развој на т.н смарт градови. Во таа насока тие го претставиле новиот проект на смарт осветлување, за што изразиле интерес да го понудат на општините како иновативно решение кое нуди можност за заштеди на општинските буџетски пари.

Била изразена согласност дека соработката со Хуавеи ќе продолжи да се интензивира и дека новите владини економски политики и Планот за економски раст обезбедуваат солидна основа за нови инвестиции и соработка на заеднички проекти.

Поврзани новости