Хрватски сеизмолог ја открива причината за разорниот земјотрес

by fokus

Причината за најсилниот земјотрес што ја погоди Петриња се крие во јадранската област, вели хрватскиот сеизмолог Јосип Стипчевиќ.

– Јадранската област е, всушност, мала тектонска плоча што некогаш била дел од голема африканска плоча од која се одделила пред милиони години. Оваа „наша“ мала плоча се нарекува Јадран и неговото движење и интеракција со Европа е причина за земјотреси во Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина, Словенија и сите околни области – вели Штипчевиќ за „Јутарњи лист“.

Тој и неговите колеги од Факултетот за рударство, геологија и нафтено инженерство го обиколија подрачјето на епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени што ја погоди централната Хрватска во вторникот и за „Јутарњи лист“ изјавил дека главниот тектонски удар во тоа подрачје е најсилниот земјотрес регистриран во Хрватска откако во земјата постои сеизмограф.

Последниот силен земјотрес во таа област, патем, се случил во 1909 година, кога Покупље го погодил разорен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер.

Поврзани новости