Хрватски полицајци претепале слеп човек по грешка

by Fokus

Полицајци во Загреб му ја скршиле ногата и изместиле раката на слеп човек, обвинувајќи го за лажно претставување и навреда. Станува збор за Стеван Јамбрешиќ, кој има 47 години и е целосно слеп од детството.

„Одам до оградата, ја отворам. Ме прашаа: дали сте Стево? Така прашаа. Реков да, да. Но, тие не го спомнаа презимето”, рече Стеван Јамбрешиќ за „Индекс.хр“.

По кратка комуникација со полицијата, двајца полицајци влегле во дворот, насилно го привеле, му ја скршиле ногата и исчашиле раката.

Тие го замениле со друг човек, а притоа не му побарале лична карта. Во станицата тој повторно бил нападнат. МВР на Хрватска призна за грешката на полицајците, кои го прекршиле законот.

Поврзани новости