Хрватски полицаец застрелал мигрант кој давал отпор

by fokus

Хрватската полиција денеска соопшти дека полицаец застрелал мигрант во подрачјето Мркопоље, поради тоа што тој давал „активен отпор“. Мигрантот е полесно повреден.

Ова е втор случај полицаец да пука во мигрант за помалку од еден месец во Хрватска.

Во полициското соопштение се посочува дека инцидентот се случил вчера, доцна попладне, кога полициски службеници кои спроведуваат зајакнати активности за сузбивање на незаконската миграција, затекнале група непознати лица.

„За време на полициското постапување, едно од затекнатите лица, во обид да го спречи полицискиот службеник да извршува службена работа, давал активен отпор и на тој начин, со своето дејствување предизвикал испукување од огнено оружје на полициски службеник, и притоа се здобил со повреда“, се наведува во полициското соопштение.

Хрватската полиција информира дека мигрантот се здобил со полесна повреда, а се работи на утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот. 

Поврзани новости