Хрватски новинари ги вратија наградите поради непрофесионално известување на колешка за самоубиството на Праљак

by fokus 12:51
12:51

Единаесет хрватски новинари ги вратија наградите на Хрватското новинарско здружение, заради протест и несогласување поради овогодинешниот добитник на наградата за телевизиско новинарско известување, која и беше доделена на новинарката на Нова ТВ, Ивана Петровиќ.

Револтираните новинарите сметаат дека таа известувала пристрасно и непрофесионално за самоубиството на генералот Слободан Праљак, кој испи отров во судница во Хаг.

Во заедничата изјава на новинарите се вели дека нивната колешка е наградена за извештај во кој не се запазени основните новинарски елементи. Според нив, известувањето на новинарката Петровиќ се претворило во коментирање и отворен напад против еден соседен народ(српскиот). Како што наведуваат, без да навлезат во стилот и емоции при известувањето на новинарката, не можат да прифатат да се награди ,,произволен и формално некоректен извештај“.

 

Наградите ги вратија:  Иван Краљ (три награди), Драго Пилсел, Зинка Бардиќ и Ернест Маринковиќ (по две награди), Борис Павелиќ, Ана Беначиќ, Хрвоје Шимичевиќ, Љубица Летиниќ, Ивица Грчар, Војислав Мажочо и Јерко Бакотин.

Поврзани новости