Хрватската министерка која удри во девојче низ солзи поднесе оставка: Имам возачка дозвола, само е истечена

by fokus

Габриела Жалац, хрватската министерка за регионален развој, низ солзи денеска информираше дека поднела оставка, откако во саботата со автомобил налета на девојче, кое се здоби со тешки повреди. Утврдено е дека возачката дозвола на Жалац истекла уште во 2016 година.

-Не возев јас без возачка дозвола. Имам возачка, само што е истечена. Детето истрча пред мене, се обидов да го избегнам. Среќа што никој не наиде од спротивната насока – изјави Жалац на прес конференција и додаде дека речиси секој викенд сама го возела автомобилот.

Во сообраќајката, што се случи во саботата, тешко повредено е девојче кое додека претрчувало улица на необележано место, настрадало кога министерката со автомобил налетала на него. Алко-тестот покажал дека Жалац не била под дејство на алкохол.

Фото: Tanjug

Поврзани новости