Хрватите не го забораваат Тоше: Молитва за 40-от роденден во Загреб!

by fokus

Никогаш непрежалениот Тоше Проески на 25-ти јануари ќе го славеше својот 40-ти роденден. Прерано не напушти со едвај 26 години, но зад себе остави богата ризница во која кога денес ќе погледнеме, гледаме колку бил талентиран – пишува во објавата на познатата дискографска куќа Хит Рекордс од Хрватска, по повод роденденот на легендарниот Тоше.

Од таму информираат дека утре ( недела) со почеток од 10 часот, ден пред неговиот 40-ти роденден, со молитва ќе се сетат на единствениот и непрежален Проески.

Настанот ќе се случи во капелата Роков перивој во Загреб, веднаш по светата миса.

Хрватскиот народ не го заборава нашиот музичар кој таму беше чест гостин.

Од дискографската куќа се сеќаваат на неговите зборови – Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене, и велат дека овие зборови живеат во сите кои го познавале, но и оние кои никогаш не го запознале младиот музичар.

-Освојуваше со прекрасна насмевка и глас, но пред се, го красеше скромност.

Дека љубовта е она кое треба да ги движи луѓето, секогаш нагласуваше дека е најважно – велат од Хит Рекордс.

Вики Клинчарова

Поврзани новости