Христијан Мицковски останува единствен кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus 11:18
11:18

Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, е единствен кандидат за нов претседател на партијата на вонредниот конгрес што ќе се одржи денеска и утре во Валандово, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Членовите на Централниот комитет на вчерашната седница беа информирани оти согласно Статутот на партијата, од двете пристигнати кандидатури, само еден кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ доставил целосна документација до партиската правна комисија – се наведува во партиското соопштение.

- Advertisements -

Втората кандидатура била нецелосна, односно со неа не била доставена листа на најмалку 30 потписи од делегати кои ја поддржуваат кандидатурата.

 

Поврзани новости