Христијан Мицковски – единствен кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Христијан Мицковски е единствен кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ за конгресот што треба да се одржи на 23 и 24 декември во Валандово, дознава „Фокус“ од партиски извори.

Рокот за поднесување кандидатури за лидер на најголемата опозициска партија истече на пладне во 15 часот. Од партијата до последен момент не откриваа за кого ќе гласаат  делегатите на Конгресот, кој сепак, како што најавија ќе се одржи викенов.

Како што веќе објави „Фокус“, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ досега ја обезбедил поддршката од околу 200 од вкупно 540 делегати што треба да го изберат новиот лидер.

 

Поврзани новости