Хоспитализирани 667 ковид-пациенти, од нив 256 се во Скопје

by fokus

Вкупно 667 пациенти позитивни или сомнителни на коронавирусот се лекуваат во болниците низ државата и има околу 384 празни болнички кревети. На инфективните оддели во Скопје се хоспитализрани 256, а во ковид-центрите во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 411 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во Битола и Штип се хоспитализирани по 32 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 24, во Велес се лекуваат 26, во Куманово 53, во Охрид 55, во Прилеп 73 пациенти, четворица во Гостивар, 19 во Струга. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17, во Кочани шест, во Кичево осум, Кавадарци – 45, четворица во Гевгелија и 13 во Дебар.

Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. На интерните клиники имало 11 приеми на пациенти, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември’ шест, седум приеми на Инфективната клиника и во Козле шест нови пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени седум оздравени пациенти.

Вкупно 256 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД-19 се лекуваат во моментов на инфективните оддели во болниците во главниот град. Во ковид-центарот на Клиниката за кожни болести лежат 16 пациенти, на Неврологија 26, на Институтот за ТБЦ – 36 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има 80 болни, на Инфективната клиника 81, а во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Гинекологија има четири хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Министерството за здарвство соопшти дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Поврзани новости