Хоспитализирани 18 заразени со корона вирусот во изминатите 24-часа во Скопје

by fokus

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Клиниката за дерматологија, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за неврологија биле примени двајца пациенти, исто толку и на Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника два во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 27 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти, на Клиниката за очни болести четири пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 99 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.

Вкупно 355 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 98 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.

Поврзани новости