Хоспитализиран сопругот на Кортни Кардашијан

by Fokus

Тапанарот Тревис Баркер, сопруг на ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан, е хоспитализиран во Лос Анџелес, а ексклузивни фотографии на кои се гледа како медицинскиот персонал на носилки го носи во болница објави „TMZ“.

Се се случи еден ден откако Баркер објави порака на Твитер – „Боже, спаси ме“.

Покрај него него кога отишол во болница била Кортни, со која имаше дури три свадби оваа година. Две во Америка, од кои една во Лас Вегас и гламурозна свадба во Италија.

Поврзани новости