Хоспитализиран Пласидо Доминго поради корона вирус

by fokus

Оперскиот пејач Пласидо Доминго денеска е хоспитализиран во болница во Акапулко, Мексико, откако пред неколку дена беше позитивен на тестот за корона вирус.

Неговиот портарол извести дека тој е во болница и неговата состојба е стабилна.

-Ќе остане во болница се додека докторите не оценат дека може да си замине и се додека, целосно не оздрави, соопшти неговиот портпарол.

Доминго пред неколку дена соопшти дека има корона вирус и дека неговото семејство и тој се во самоизолација.

Поврзани новости