Хоспитализиран маж од Кавадарци, нови шест случаи на Ковид-19 во Тиквешијата

by Fokus

Денеска се регистрирани шест нови пациенти во Тиквешијата заразени од корона вирус, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Станува збор за четири лица од Кавадарци, едно од Дисан и едно од Росоман. Еден пациент од Кавадарци на 50-годишна возраст, поради потешка клиничка слика, е хоспитализиран на Инфективното одделение во Велешката болница.  Останатите пациенти со благи симптоми остануваат на домашно лекување.

Најмладиот од новоинфицираните има 38 години, а еден од пациентите е со место на живеење во Неготино. Од Центарот информираат дека се работи на утврдување на нивните контакти, а новорегистрираните не знаат од каде се инфицирале.

Вики Клинчарова

Поврзани новости