Хорор во Јужна Африка: Во ноќен клуб пронајдени тела на 17 млади лица до 20 години

by Fokus

Во ноќен клуб во пристаништето во источен Лондон во Јужна Африка се откриени тела на најмалку 17 млади луѓе, соопшти денеска локалната полиција.

Жртвите се на возраст меѓу 18 и 20 години, изјави полицискиот претставник Тембинкоси Кинана, додавајќи дека во тек е истрага за околностите во кои тие настрадале.

Телата се пронајдени во клуб во населбата Синери Парк.

На социјалните мрежи кружат фотографии од клубот на кои се гледаат телата на жртвите без видливи повреди.

Според првичните информации, во клубот имало роденденска прослава и се претпоставува дека се работи за труење.

Поврзани новости