Хорхе’с слатко од калинки

by Фокус

Доскорешниот претседател Ѓорге Иванов се впушти во бизнис-водите, така што вчера во родното Валандово ја промовираше сопствената линија на домашно слатко од калинки под брендот „Хорхе’с“.ivanov manaki

Многумина овој потег го протолкуваа како контразимница од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ бидејќи семејството на првиот социјалдемократ Зоран Заев е сопственик на ајварите и на слаткото под брендот „Мама’с“.

– Тоа е измислица! Јас кога берев калинки Заев во градинка со учителките, далеку од очите на другарчињата, договараше најголемите парчиња ужинка да ги земаат тој и неговите роднини. Во тоа семејство царува непотизмот уште од неолитот – коментираше популарниот Хорхе.

Од друга страна, пак, нашите информации велат дека во СДСМ се појавила паралинија на слатко наречена „Папа’с“, за која се верува дека ја лансираат луѓе блиски до екслидерот Бранко Црвенковски и која на пазарот ќе исфрли слатко од вишни две децении стоени во висококвалитетно виски.

disclaimer

Поврзани новости