Холштајн: Наша цел е првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на германското претседателство

by fokus

Нашата цел е првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на нашето претседателство со Советот на Европската Унија и сме оптимистични дека тоа ќе се случи, изјави денеска германската амбасадорка Анке Холштајн.

-Наша цел е таа конференција да се одржи уште во времето на нашето претседателство во Советот на ЕУ. И ние сме оптимистични и дека ќе се успее во тоа, истакна германската амбасадорка Холштајн.

Таа уште еднаш го повтори ставот на Германија во врска со меморандумот на Бугарија, но и изјави на високи бугарски претставници дека сега не е време за меѓувладина конференција.

-Јас неколку пати на оваа тема имам изјавувано дека став на Германија е дека билатералните прашања треба да се решаваат билетерално. Проширувањето на ЕУ сметам дека е и во голем интерес на Бугарија и затоа сум на мислење дека сигурно ќе се најде решение, вели Холштајн.

Поврзани новости