Холивуд ќе снима филм во Ценатрот за зависници во Конопиште

by Fokus

Холивудска продукција снима филм за Центарот за одвикнување од зависности од дроги во Конопиште. Директорката на Центарот „Нарконон”, Александра Димевска-Јокиќ изрази големо задоволство што се препознава нивната долгогодишна работа на одвикнување од зависности и ресоцијализација на лицата кои некогаш биле зависници. Инаку, МИ Центарот постои веќе 16 години и е дел од мрежата на центри низ пет континенти и повеќе од триесетина земји.

-Мило ми е што нашиот центар беше прогласен за еден од најдобрите во рамките на мрежата. Затоа овде се снима промотивен документарен филм за нашите успеси, со цел да се прикаже како позитивен пример од кој треба да учат други, изјави Димевска-Јокиќ.

Кристина Кабаи и Мирко Карзо се дел од видео тимот кој работи на европско тло и тие сметаат дека дрогата е голем проблем на глобално ниво.

-„Нарконон” е можеби единствената програма во светот за одвикнување од дроги која не користи други супстанци како лекови во надминување на зависноста од наркотици, нагласија тие.

Во Центарот во Конопиште досега поминале 146 лица. Директорката Димевска-Јокиќ вели дека од нив, 80 проценти ја надминале зависноста, а многумина подоцна продолжиле да волонтираат во ова кавадаречко село. МИА

Поврзани новости