Холанѓанка на возраст од 101 година го победи корона вирусот

by fokus

Холанѓанка на возраст од 101 година, која пред десетина дена заболела од корона вирусот,  ја победила болеста!

Бабичката, чиешто име не е објавено, била примена во болница во градот Ротердам со потешкотии во дишењето. Тестовите покажале дека е позитивна на Ковид-19 и ја задржале во инфективното одделение.

Иако многумина стравувале за нејзиниот живот, таа ја победила болеста и потполно закрепнала.

Се очекува деновиве да ја напушти болницата.

„Таа е силна госпоѓа и строго се придржува кон здравствените совети. Кога ја примивме, ме советуваше да држам растојание за да не ме зарази“, изјавил пулмологот, Сунил Рамал.

Поврзани новости