Холандскиот амбасадор му честиташе на Спасовски за однесувањето на полицијата на протестите

by Фокус

Амбасадорот на Холандија, Вилем Пломп, на денешната средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, му честиташе за начинот на кој се однесуваше полицијата за време на протестите во пресрет на одлуката на Уставниот суд во врска со можноста претседателот на државата да помилува изборен криминал, како и педофили и терористи, кога имаше опасност да се судрат двет групи на демонстранти.

„На средбата стана збор за тековната ситуација околу политичката криза и за справувањето со мигрантската криза, при што министерот Спасовски го информираше амбасадорот на Холандија дека сега состојбата на границата со Грција е стабилна. Амбасадорот Пломп ја истакна поддршката што Кралството Холандија ѝ ја дава на РМ“, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости