Холандската влада поднесе колективна оставка поради афера поврзана со субвенции за згрижување на деца

by fokus

Владата на холандскиот премиер Марк Руте колективно поднесе оставка поради извештајот во кој се обвинува за лошо управување со субвенциите за згрижување деца, што доведе илјадници семејства во финансиска пропаст, јави националната телевизија НОС.

Руте ќе го извести кралот Вилем-Александар за таа одлука подоцна денеска и ќе одржи прес-конференција.

Тоа е третпат како кабинетот на Руте паѓа поради афера околу додатоците за згрижување деца, два месеци пред изборите за Долниот дом на Парламентот.

Поврзани новости