Холандија со победа над Австрија обезбеди прво место во групата

by fokus

Репрезентацијата на Холандија вечерва со 2:0 ја совлада селекцијата на Австрија, со што обезбеди пласман во осминафиналето на Европското фудбалско првенство.

Победата на Холандија ја донесоа Мемфис Депај, кој погоди од белата точка, а Дензел Дамфрис стави точка на натпреварот со погодок во 67-мата минута.

Со оваа победа, Холандија го обезбеди и првото место во групата, додека во третото коло ќе игра против Македонија.

Поврзани новости