Холандија не ја сака Унгарија во ЕУ

by fokus

Холандскиот премиер Марк Руте денеска, по пристигнувањето на седницата на Европскиот совет во Брисел, изјави дека Унгарија нема што повеќе да бара во Европската унија, откако, истакна Руте, со закон ја дискриминира ЛГБТ-заедницата

-За мене тие (Унгарците) веќе нема што да прават во ЕУ, но јас не одлучувам сам. Има уште 26 земји – рече тој, додавајќи дека ЕУ е заедница на вредности.

Инаку, во средината на јуни унгарскиот парламент донесе закон со кој се забранува „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетници.

Поврзани новости