Холандија и Данска попуштиле за Македонија, но Германија и Италија се против раздвојување на Албанија

by Фокус

Единствениот начин Македонија на денешниот состанок на шефови на држави во Брисел е да се раздвои од Албанија, меѓутоа тоа е скоро невозможно поради противење на најголем број од државите.

Медиумите известуваат дека две од трите држави кои го „блокирале“ почетокот на преговорите на Македонија и Албанија – Холандија и Данска, ја прифатиле компромисната варијанта да се отворат преговори само за Македонија, но не и Албанија.

Меѓутоа против тоа била најскептичната земја и за двете кандидатки – Франција, но, исто така, против овој концепт на раздвојување застанале и Германија и Италија, кои се за отворање на преговори со двете држави, но не само за една од нив.

Поврзани новости