Холандија го блокира отпочнувањето преговори на Албанија со ЕУ

by fokus

74 од 150 пратеници во холандскиот парламент гласаа против отпочнување преговори на Албанија со Европската унија. На овој начин Холандија навестува дека ќе го блогира почнувањето на разговорите за пристап на Албанија со Европската Унија пред самитот на Унијата следната недела иако Тирана се надеваше на зелено светло.

Ваквата одлука пратениците ја донесоа со образложение дека постои „сериозна загриженост во врска со борбата против корупцијата“, пренесе порталот Еурактив.

 

Еуроактив наведува дека и во случајот на Македонија, која постигна историски договор со Грција за името, не е сигурно дека на самитот ќе добие одобрение за почеток на пристапните преговори бидејќи Австрија би можела да ја блокира таа одлука.

Советот на ЕУ за општи работи в понеделник и вторник ќе го разгледува почнувањето на пристапните преговори со Албанија и Македонија, како и отворање нови поглавја во преговорите со Србија. В четврток и петок е состанокот на шефовите на држави и влади на Унијата.

Поврзани новости