Холандија ги враќа ограничувањата за ноќните клубови и рестораните

by fokus

Холандија денеска повторно воведе ограничувања во ноќните клубови, рестораните и музичките фестивали само неколку недели откако беа укинати, во обид да се запре наглиот пораст на бројот на заразени со Ковид-19, претежно кај младите.

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека мерките ќе стапат во сила утре наутро и ќе останат во сила најрано до 14 август.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Холандија вртоглаво се зголемува, а само вчера беа пријавени 5.500 нови случаи, додека бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 не расте. Според Националниот институт за здравство, ова е најголемиот дневен број од 14 мај.

Пред една недела имаше 800 новозаразени за 24 часа, а во последните седум дена, во просек по 67 нови случаи на 100.000 жители.

Холандија на 26 јуни ги укина скоро сите ограничувања и маски во моментов треба да се носат само во јавниот превоз.

Поврзани новости