Холандија донира медицински материјали во вредност од 500.000 евра на Македонија

by Fokus

Холандската влада донесе одлука за донирање на контингент медицински материјали во вредност од преку половина милион евра, кој денес пристигна во Македонија.

Пратката која се состои од 20 палети на опрема за прва помош пристигна денес во Дирекцијата за заштита и спасување благодарение на поддршката и финансиската помош на холандската транспортна компанија Букестајн транспорт. Донацијата ќе биде дистрибуирана до здравствените установи во кои се лекуваат пациентите од регионите зафатени од поплавите.

– Холандската Влада ја испрати помошта скоро веднаш по катастрофалните поплави, и таа пристигна во Македонија денес, на денот кога Обединетите нации го одбележуваат Светскиот ден на хуманитарноста, во чест на сите хуманитарни работници и волонтери. Меѓународната заедница го знае Скопје како град на солидарноста, и ова уште еднаш го докажуваат сите луѓе и организации кои деноноќно работат за да ги расчистат и обноват областите зафатени од поплавите. Како долгогодишен пријател и поддржувач, Холандија ќе продолжи да обезбедува помош за Македонија и понатаму“ – изјави Вршителот на должноста Амбасадор на Кралството Холандија, Андри ван Менс на конференцијата за печат која се одржа во Дирекцијата за заштита и спасување во Скопје.

Минатата недела холандскиот експерт Петер Глерум беше испратен во Македонија да го води тимот на ЕУ кој направи процена на хуманитарната ситуација по поплавите во кои повеќе од 20 луѓе го загубија својот живот а многумина останаа без своите домови.

 

Поврзани новости