Хојт Ји: Иванов знае дека од него се очекува да му го даде мандатот на Заев

by fokus

Во интервју за сајтот „Балкан инсајт“ американскиот дипломат Хојт Ји, кој деновиве е во посета на Балканот изјави дека верува дека претседателот Ѓорге Иванов ќе ја направи „вистинската работа“ и ќе му даде шанса на лидерот на СДСМ Зоран Заев да формира влада.

„Претседателот, со кого се сретнав и остварив многу добар разговор, ги разбира нашите очекувања. Ние очекуваме владата, претседателот, да го направат она што е потребно за да се задоволат демократските норми“, изјави Ји во интевјуто.

„Ние веруваме дека треба да биде доделен мандатот на онаа коалиција која има мнозинство во парламентот, за да се формира влада и да се започне со остварување на оние реформи кои се потребни за Македонија да се придвижи нанапред на демократскиот пат“, додаде Ји.

 

Поврзани новости