Хојт Ји: Договорот со Бугарија ќе ги подобри односите на Македонија и со другите соседи

by fokus

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји го поздрави вчера од Блед договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија.

„Тој е важен за народите на Република Бугарија и на Република Македонија, но и за целиот регион“, порача Ји на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Една од најголемите придобивки на тој договор е дека е изработен без странска помош, со што покажавме дека прашањата ги решаваме без посредници“, истакна Захариева.

Ји изрази надеж дека договорот ќе овозможи одлична атмосфера, во која Македонија ќе ги подобри односите и со другите соседи.

Поврзани новости