Алтернатива ја истиснува Беса од власта

by fokus

Генералниот секретар на движењето Беса, Аријанит Хоџа преку домашни и странски фактори бара да се повлече од иницијативата за гласање на недоверба на Владата, брифираат високи извори на СДСМ.

Според истите извори, Хоџа се обидувал да ги релативизира односите со СДСМ, знаејќи дека „Алтернатива“ е на момент од одлука за влез во Влада.

„Алтернатива“ на чело со Африм Гаши вчера најави дека ќе гласаат за недоверба на владата, но порачаа дека нема да бидат дел од влада која е против евроатлантските интеграции на земјава.

Хоџа беше прв од Беса која е дел од владината коалиција, кој почна да преговара со опозициските партии за ново мнозинство, откако ДИК донесе одлука да се прегласува во Желино, одлучувајќи по приговор на ДУИ.

Таму, со неколку гласа повеќе победи кандидатот на Беса, и тоа беше повод опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица, заедно со Беса, да се здружат и да бараат гласање на недоверба на владата.

Поврзани новости