Анѓушев: Не сум увезол ни кило мазут, испаднаа главните сторители

by Фокус

Јас и „Брако“ не сме увезле ниту едно кило мазут, ниту литар нафтен дериват, можеби на некој му се присторило дека јас учествувам во нешто или имал други интереси да зборува така, вели бизнисменот Кочо Анѓушев во интервју за најновиот број на неделникот Фокус, во однос на сторијата ИРЛ каде тој се доведува во корелација со кичевската компанија „Евротим“, која веќе доби забрана за работа поради отстапки од стандардите за квалитет на мазутот.

Ја секогаш сакам да зборувам со аргументи, а не да демистифицирам чаршиски и кафеански муабети. И јас и вие го гледаме развојот од тој случај и како што гледаме имаше истраги и таму нема ниедна моја фирма, туку испаднаа главните сторители и причинители. Жално е што со една леснотија се обвинува, без аргументи. Кој нормален човек би договарал таква работа за која инсинуира – да си го загадува градот, државата во кој живее? Секој што го направил тоа, треба да одговара – вели Анѓушев.

Тој посочува дека купил мазут на домашен пазар за потребите на една машина што функционира во рамки на „Брако“, која троши 15-20 тони месечно, што, според него, е 0,3 отсто од вкупната потрошувачка. Прашан за коментар во врска со тврдењата на роднина на сопственикот на „Евротим“ дека тој се познава со Анѓушев, поранешниот вицепремиер одговара:

Тој кажува дека се познава со сопственик на „Брако“, кој има 6 сопственици и тој се познава со еден од нив кога дошол да нуди мазут кога јас сум бил во Влада. Тој се познава со г-динот Орце Давчев, еден од сопствениците, а не со мене, така што новинарката го наведува да каже дали тоа е Анѓушев. Денеска ако се водиме по чаршиски муабети, сите со мене се познаваат и ми се партнери…

Универзитетскиот професор и бизнисмен тврди дека со првите луѓе на кичевската компанија не се сретнал ни пред ни по официјалната средба што се одржала во Владата, во време кога тој бил вицепремиер за економија. Притоа, повтори дека за изнесените наводи и обвинувања на негова сметка покренал судска постапка во која побарува симболичен износ од еден денар.

Целoто интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости