Поранешниот американски претседател Доналд Трамп упати критики кон разбирањето што го демонстрираа неговиот наследник Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера изјави дека „добро е што има американски претседател кој е дел од клубот и е многу заинтересиран за соработка“.
-Тој и многу други лидери пред него, во Франција и низ цела Европа, ги измамуваа САД како никогаш порано. Со нас се однесуваа многу неправедно со ужасни трговски зделки и плаќавме многу за нивната одбрана – реагираше Трамп.
Според него, земји како Франција ги искористуваа САД.
-Затоа, се разбира, им се допаѓа Бајден затоа што сега ќе им биде дозволено да се вратат на старите методи на измама. Ако бев водач на овие земји, и јас повеќе би го претпочитал Бајден од претседателот Трамп – порача тој.