Хирургот кој го оперирал момчето што почина од сепса е осудуван за мито

by fokus

Хирургот Ѕвонко Николовски кој го оперирал 38-годишниот маж кој вчера почина од компликации со сепса во изнајмена операциона сала во една приватна клиника во населбата Аеродром, е истиот хирург кој во 2007-та година бил правосилно осуден за земање мито од страна Основен Суд – Скопје 1, кога работел во Градската Општа Болница „Св. Наум Охридски“, објави телевизија 24.

Николовски има историја на земање мито за правење операции и во претходните години, но, за тоа до 2007-та не бил осуден. По пресудата, кратко продолжува да работи во Градската Болница, а потоа се префрла во приватни поликлини и ординации на релација Скопје – Тетово.

Поврзани новости