Хип хоп забава за затворениците во „Идризово“

by fokus

Седумдесетина затвореници неодамна имаа можност да се забавуваат во затворот „Идризово“, бидејќи на 12 јуни им беше организиран хип хоп настан. Осудениците играа на музиката на хип хоп артистите – Пука Козметика, Фатос Бомба, Огнен битбокс и Тони Зен.

Настанот беше организиран од Здружението за пенална и постпенална помош на осудени лица и социјална адаптација, реинтеграција и рехабилитација на ранливи групи ПРОСОЦИЈАЛ – Скопје, во соработка со КПУ „Идризово“, чиј директор е Боби Мојсовски.

-Настанот е дел од активностите од секторот за ресоцијализација во установата, и има за цел олеснување и полесна социјална адаптација на осудените лица во затворските услови на живот, но и нивна полесна реинтеграција во надворешниот свет, велат од Просоцијал, истакнувајќи благодарност до КПУ „Идризово“ и до Управата за Извршување на Санкциите за нивната отвореност во реализацијата на овој настан.

Поврзани новости