Најсилен земјотрес во Мексико последниве сто години, вклучен алармот за појава на цунами

by fokus

Најмалку 33 лица го изгубија животот во земјотресот што го погоди Мексико со магнитуда од 8,2 според рихтеровата скала. Според сеизмолозите последниве сто години во Максико немало посилен земјотрес, а прогнозираат дека ќе следат и нови потреси.

-Тоа беше многу силен земјотрес. Посилен од оној што Мексиканците го доживеаја во 1085-та година кога загинаа илјада луѓе – изјави мексиканскиот претседател, Енрике Пена Нието.

Од материјалната штета, до сега се евидентирани срушени, згради, хотели, институции, оштетени болници и голем број домови.

Алармот го вклучи опасноста од појава на цунами во јужното крајбрежје на Мексико. Пацифичкиот центар за предупредување потврди дека е забележан бран на цунами во висина од 0,7 метри.

Поврзани новости