Хематологија со реакција по смртта на Тоше за кого не се собраа 32.000 евра да замине на лекување во странство

by Fokus

Скопската клиника за хематологија изразува најдлабоко сочувство  до семејството на Тоше Илиевски за огромната загуба.

Го разбираме интересот на јавноста за изгубениот млад човечки живот, но истовремено апелираме до сите да ја почитуваме неизмерната тага на неговите најблиски.

Единствено што во овој момент можеме да го соопштиме е дека во конкретниот случај се работеше за пациент заболен од Т- лимфобластен Не-ходгкинов лимфом, кој за жал не реагираше на терапијата предвидена со стандрадниот медицинскиот протокол, која се применува како во Македонија така и во сите останати европски и светски хематолошки центри.

Најодговорно тврдиме дека стручно-медицинскиот персонал е секогаш на висината на работните обврски и целосно посветен на згрижување и лекување на пациентите.

За жал, медицината се уште нема соодветен одговор во одредени случаи на лекување на  овој вид болести – се наведува во соопштението од клиниката.

Тоше почина вчера откако не успеа да собере 32 илјади евра за лекување во Турција.

Поврзани новости