Хелсиншки во посета на Демиров, кој наместо да го оперираат, е однесен во Психијатриска болница

by fokus

Не се исполни ветувањето кое надлежните го дадоа за Муарем Демиров кој со полураспаднати стапала, спиеше пред болница, па по медиуското експонирање на неговиот случај, доби ветување дека содветно ќе биде лекуван, па потоа и згрижен. Наместо, лекување, тој бил сместен во Психијатриската болница во Бардовци, велат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму додаваат дека тие во моментот се во посета на Демиров во болницата, по што ќе се обратата пред јавноста.

Ветувањето што го доби Муарем беше да биде хоспитализиран во ЈЗУ Универзитетска Клиника за торакална и васкуларна хирургија каде што ќе се вршат испитувања, и ќе биде во итна програма за соодветна интервенција, а по завршувањето на интервенцијата, постоперативно ќе биде сместен во ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ каде што ќе му биде овозможено негово целосно закрепнување и рехабилитација.

Поврзани новости