Хелсиншки комитет: Министерот Чавков е нелегално избран

by Фокус 20:04
20:04

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска го презентираше најновиот извештај за изминатите два месеци во кој дел од констатациите се дека министерот за внатрешни работи, Чавков, според Уставот не смее да биде избран за министер, полицијата на 5 мај употребила прекумерна сила, обиди со притисоци да се прекине бојкотот на Средношолскиот пленум, како и попречување на кампањата за референдумот за ГТЦ.

„Согласно Член 97 од Уставот на РМ, со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години. Орган на државната управа во областа на полицијата е МВР, а раководното лице е министерот за внатрешни работи. Според тоа, за да биде избран за министер, г. Чавков морал да биде цивилно лице најрано од април 2012 година. Имајќи предвид дека сè до мај 2013 година тој бил полициски началник, произлегува дека г. Чавков не го исполнува условот предвиден во Член 97 од Уставот на РМ“, стои во извештајот на Хелсиншки комитет.

- Advertisements -

Од таму најавуваат дека поради овие причини ќе го оспорат изборот на Чавков за министер за внатрешни работи пред Уставниот суд.

Поврзани новости