Хелихоптер и струја од Македонија за поплавена Србија

by Фокус 18:45
18:45

Македонија и’ понуди на Србија транспортен хеликоптер со екипаж и со специјални единици кои го опслужуваат за да се помогне при справување со поплавите, а државава на северниот сосед ќе му испрача и електрична енергија, најави денеска Владата.

Македонија ќе додели и дополнителни лекови пред се антибиотици и антипиретици, а со поголем број приватни компании се договараат пратки на вода кои би биле испратени во Србија или пак во Босна и Херцеговина кои деновиве ги зафатија поплави.

Договорено е на Србија, на нивните компании од Електрани на Македонија во наредните денови да им се испорача електрична енергија во висина од 80 мегавати секој час.

- Advertising -

Градските јавни претпријатија од Скопје и од останатите општини се во состојба на готовност евентуално да испратат свои тимови од делокругот на својата надлежност кои се задолжени да се справуваат со ваков вид ситуации во смисла на водоводни, комунални претпријатија, противпожарни екипи и сличен корпус на дејности.

Во текот на следните неколку часа се очекува да има нова телефонска комуникација меѓу премиерите на Македонија и на Србија, Никола Груевски и Александар Вучиќ околу дополнително утврдување на определени потреби и координација на помош.

Поврзани новости