Хазби Лика и Крешник Бектеши заминуваат од Влада

by fokus

Хазби Лика и Крешник Бектеши заминуваат од Влада, дознава Телма од извори во владината коалиција.

На местото на Хазби Лика, можно е да дојде Атила Реџепи, поранешен директор на тетовската болница, додека сегашниот министер за економија, Крешник Бектеши, може да биде заменет со Аргетим Салиу, професор на универзитетот Мајка Тереза.

Инаку, премиерот Зоран Заев, неколку пати до сега, најавуваше реконструкција на владата, но тоа не се случи. Вчера, Заев остави на партиите да повлечат свои луѓе од владата.

Поврзани новости