Хавзиу: Немаме магично стапче да ги вратиме избрканите лица на работа

by Fokus

Аљајдин Хавзиу, директор на Државниот инспекторат за труд уверува дека ќе се направат контроли во фирмите кои на вработените им дале принудни отказни решенија, но доколку нема законски прекршувања во прекинот на работниот однос, вели нема основ како да побараат луѓето да бидат вратени на работа.

„Сакам да напоменам дека државниот инспекторат за труд нема магично стапче да ги врати луѓето назад на работа. Инспекторатот ја проверува постапката за отказното решение, ако е согласно законот ништо не можеме, но ако има повреди на законот за работни односи, тогаш ќе постапуваме. А за да може да постапуваме апелирам граѓаните да пријавуваат“ – истакна Хавзиу.

Според последните информации објавени на страницата на трудовиот инспекторат, до крајот на март стигнале околу 1.454 пријави од граѓани.

Поврзани новости