Хасани: Намерно не ја почнуваме кампањата за вакцинација, додека не стигне поголема количина вакцини

by fokus 20:42
20:42

Имунизацијата за населението со анти ковид вакцини во земјава, почна но не со масовна кампања како што се најавуваше. Веќе два месеца откако започна вакцинацијата единствениот метод на МЗ за да ги повика граѓаните за вакцинирање се апели на социјалните мрежи и медиумите.  Заменик министерот за здравство Илир Хасани вели дека кампањата не ја започнале намерно, објави ТВ 21.

-Свесно се воздржавме до апелот додека да не ги примиме вакцините во доволна количина и ќе продолжиме со сите капацитети кои ги поседуваме за понатамошното вакцинирање. Тоа значи дека моментално дневно имаме 2000-2500 вакцини, а капацитетот за вакцинација кој го имаме е многу поголемм но ги чекаме бројките и вакцините кои ќе стигнат во секој момент. Ова не е критика туку планирана стратегија, истакна Илир Хасани, заменик министер за здравство.

- Advertisements -

Како што се чини МЗ стравува случајно сите граѓани дека ќе сакаат да се вакцинираат, а всушност нема доволно вакцини.

Поврзани новости