Харадинај: Никогаш не сум се заканил на сведок!

by Fokus

Премиерот во заминување, Рамуш Харадинај, во интервју за германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, зборувајќи за неодамнешната покана на Специјалниот суд, рече дека бил изненаден од неа, бидејќи двапати бил обвинет од Хашкиот трибунал, а и во двата случаи бил прогласен за невин.

Исто така, Харадинај изјави дека никогаш не му се заканил на ниту еден сведок и дека тие кои сакале да кажат нешто против него, тоа и го сториле. Како што рече, имало само еден случај кога еден сведок починал во несреќа, но дури потоа се разбрало дека е сведок. Тој истакна дека чул шпекулации дека Хашим Тачи е поканет во Хаг, но истите не можеше да ги потврди.

Поврзани новости