Харадинај: Не ни треба дозвола од Србија за обединување со Албанија

by Fokus

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, денеска изјави дека обединувањето на Косово со Албанија не е поврзано со договорот што треба да се постигне со Белград, туку дека е внатрешна одлука на Косово.

Приштина, рече Харадинај, до обединувањето треба да дојде на истиот начин како што тоа го направи со армијата, Трепча или одлуката за независност, пренесе „Газета Експрес“.

Според него, обединувањето со Албанија зависи од повеќе работи.

-Доколку останат препреките поставени од Србија и од дел од меѓународната заедница во врска со нашето признавање или членството во НАТО, бидејќи безбедноста е приоритет, немаме друг избор освен да излеземе на референдум со Албанија, рече Харадинај.

Тој објасни дека барањето за обединување со Албанија се разликува од барањето од минатото, затоа што претходно се бараше ЕУ да добие одобрение од Србија, а сега тоа не се бара.

Харадинај додаде дека доколку не стане претседател на Косово, ќе се најде второ решение, што ќе се постигне со консензус меѓу институциите и партиите.

Поврзани новости