Хаосот на Клинички центар продолжува: Автомобили едвај се разминуваат, амбулантни возила во застој!

by fokus

Се чини дека на хаосот што се случува во Клинички центар му нема крај. Очигледно е дека и оваа влада нема решение за гужвата што се прави во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Голем број автомобили тешко се движат кон болниците, а амбулантни возила се во застој, неможејќи да ја вршат својата професионална дејност.

Очигледно е дека надлежните институции ќе мора да поработат повеќе, со цел да се реши овој хаос кај болниците, а тоа да не биде на штета на граѓаните.

Поврзани новости