Хаос на улиците во Киев поради рестриктивните мерки

by Фокус

Речиси 40 полицајци се повредени и тројца се хоспитализирани во центарот на Киев во судири со демонстрантите, кои се собраа против мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот, објави украинската полиција.

Тамошните власти наредија затворање училишта, колеџи, продавници, ресторани, кина и спортски сали од 8 до 24 јануари.

Како реакција на тоа, неколку илјади луѓе се собраа во центарот на Киев да се спротивстават на епидемиолошките мерки.

Демонстрантите се обидоа да постават шатори на плоштадот во Киев, но полицијата ги спречи фрлајќи солзавец.

Во Украина, со речиси 40 милиони жители, регистрирани се над 909.000 заразени од вирусот, од кои 15.480 починале.

Поврзани новости